Вилијам Г. Морган (1870-1942), роден во државата Њу Јорк, останал запишан во историјата како создавач на одбојката, којашто првично ја нарекол “Mintonette”. Играта била одлично прифатена уште на самата конференција освен што името ѝ било променето во “одбојка“. Интересно е тоа што во текот на годините името не се менувало, освен што во 1952. година почнало да се пишува поинаку. Морган работел на правилата на игра и во 1897. година бил издаден и првиот прирачник со главните податоци за играта и како додаток биле издадени и првите правила на одбојката.